Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Toyota инвестира 5,3 милијарди долари во производство на батерии…

Јапонскиот производител на автомобили Toyota Мotor во средата соопшти дека ќе инвестира до 730 милијарди јени (5,27 милијарди долари) во производството на батерии за електрични возила во Јапонија и САД.
Производството треба да започне меѓу 2024 и 2026 година и да ги зголеми производните капацитети во двете земји за 40 гигават часови, истакнува јапонската компанија, без да прецизира информации за моменталното производство.
Фабриките на Toyota во Јапонија и Prime Planet Energy & Solutions, кои ги основаа заедно со Panasonic Holdings, ќе добијат околу 400 милијарди јени, а Toyota Battery Manufacturing во САД ќе добие околу 2,3 милијарди долари.
„Целта на инвестицијата е да и се овозможи на Toyota флексибилно да ги задоволува потребите на клиентите во сите земји и региони, нудејќи разновидни системи за возење и што е можно поширок опсег на опции“, се вели во соопштението за печатот.
Производителите на автомобили ширум светот трошат милијарди долари за да го зголемат производството на батерии и електрични возила поради построгите еколошки регулативи.
Тојота минатата година објави дека до 2030 година ќе инвестира осум милијарди јени во електрификација на своите модели, а половина од сумата планираат да ја насочат кон производство на електрични возила. И покрај ова, тие проценуваат дека до 2030 година електричните возила ќе учествуваат само со една третина од нивната сегашна продажба.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement