Неодамна наидовме на неколку суперјахти кои навистина го заслужуваа целото наше внимание, но ниту една не е толку посебна како моделот за кој зборуваме денес…
Мегајахтата во форма на лебед е ново величествено ремек-дело, елегантно како животното од кое е инспирирано. Пјерпаоло Лазарини од студиото Лазарини Дизајн, го надмина самото значење на иновацијата и фантазијата создавајќи амалгам на концептот на јахта и лебед, поврзувајќи ги на неверојатен начин. Јахтата долга 137 метри e именувана како Авангардија и е поделена на пет палуби, кои нудат доволно простор за шеесет патници.
Споделувајќи ги суптилните облини препознатливи за лебедите, оваа јахта доаѓа со глава што ја игра улогата на нејзиниот мозок, кој го контролира. Овој одвоен елемент игра улога на специјален крстосувач, што може да ви даде можност да уживате во дневни екскурзии, кога сакате. Главата, односно контролниот центар на јахтата е поврзана со флексибилен врат кој има целосен опсег на движење. Кога јахтата е мирува, главата може да се спушти до водата и да се одвои, за да се понуди индивидуално крстарење.
Генијот Лазарини го дизајнираше овој брод со двојни електрични мотори, кои работат во комбинација со моторот MTU Rolls Royce, што ќе му даде максимална брзина на крстарење од околу 18 јазли. Мегајахтата секако не би била целосна доколку не добие неколку големи играчки за најбогатите, како што се хеликоптер, капсули на авиони и цела флота на супер-автомобили.
Засега, Авангардија е во фаза на концепт, но како што велат од студиото за дизајн, може да стане дел од реалноста, штом на сцената се појави богат љубител на јахти, лебеди и прекрасната страна на животот. Ние веруваме дека нејзината убавина ќе стане очигледна само кога ќе ја видиме во живо.







