Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

ROLLS ROYCE ВО сТИЛ НА 21 ВЕК

Класичниот модел е промовиран во стилот на 21 век…

Rolls Royce Phantom е класика на автомобилската индустрија, која ја обожаваат многу луѓе ширум светот. Всушност, еден од овие модели доби совршено освежување и сигурно ќе и предизвика на Tesla страв во коски.

Британската компанија Lunaz е секако позната по трансформациите на ретки возила, а и карактеристично за нив е и тоа што им додаде електрични погони. Поточно, целта на овој експеримент е Phantom V, кој инаку е првиот електричен автомобил што е со потпис на брендот Rolls Royce. Ова е почеток на низата, од многу ограничени изданија на само триесет возила, кои ќе бидат рачно изработени во седиштето Lunaz во Англија.

Дојде вистинското време за електричен Rolls Royce. Одговоривме на потребата да се комбинира убавиот дизајн со употребливоста, сигурноста и одржливоста на електричниот погон “, рече Дејвид Лоренс, основач на компанијата Lunaz.

Новата серија на модели на Rolls Royce ќе ги вклучува моделите Phantom i Silver Clouds. Иако Rolls Royce никогаш не може да се каже дека е “прифатлив”, неговата оригинална цена е дополнително зголемена и се очекува да започне од 657.000 американски долари за моделите Phantom и 450.000 американски долари за моделите Silver Cloud.

Основана пред само две години, компанијата Lunaz брзо се издвои како една од најдобрите, земајќи ги најдобрите класични автомобили кои веќе не се функционални, и давајќи им бескомпромисни решенија, кои внесуваат нов живот во нив. Првиот комплетиран Rolls во оваа серија помина низ неверојатен процес на редизајн, вклучувајќи луксузен ентериер со бледо сива кожа. Секако, моделот доби и батерија од 120 kWh, со опсег од 500 километри. Сепак, квалитетот на изработката не може да се доведе во прашање на кој било начин, имајќи го предвид фактот дека умовите кои стојат зад сите Lunaz проекти се навистина врвни експерти. Основачите на овој бренд веќе долго време биле во главни функции во компании како Aston Martin, Ferrari i McLaren.

Луксузните работи не се ограничени и на гломазните компоненти, бидејќи во случајот со овој Rolls, сите детали ја добија својата нова верзија, како што се дрвени панели изработени од розе злато и подни душеци, изработени од волна од алпака.

Побарувачката за возила Lunaz е толку голема што компанијата мораше да го удвои својот персонал, што навистина зборува за нивниот успех.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement