На претстојниот салон за автомобили во Париз, RENAULT ќе претстави шест новитети кои се најавуваат во блиска иднина, како и продолжување на трансформацијата на некои од неговите сегменти.
Прв на листата е Alpine. Со последната објава, брендот најави електричен кросовер, но оттогаш ништо не видовме. Многумина се надеваат дека Париз е местото каде прво ќе го видиме појавувањето на новиот електричен модел чие производство би требало да започне во 2025 година.

Кога станува збор за Renault, ретрото е дефинитивно во мода. Renault 4 дефинитивно се враќа, и тоа како електричен модел. Сепак, сите други информации се уште вешто се кријат во компанијата. Само да се надеваме дека, како и неговиот претходник, ќе понуди многу повеќе од симпатичен изглед и дека барем делумно ќе ја задржи достапноста на својот претходник.Постои голема веројатност да го видиме новиот Renault 5. Иако веќе го видовме во јануари оваа година, сега треба да не изненади „спортскиот неконвенционален изложбен модел“ – веројатно некоја уникатна интерпретација. Електричните изданија на E-Tech на Kangoo, Megane и Austral исто така доаѓаат.

Dacia е голема непозната. Официјалните материјали велат дека компанијата ја претставува „последната фаза во трансформацијата на нејзиниот визуелен идентитет“. Да се надеваме дека тоа е повеќе од само ново лого и можеби вклучува некој нов производ.
Конечно, тука е и Mobilize со мал модел Duo наменет за услугата carsharing и Hyvia, која најави новина на водород (Master Van).
