Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Крунисаниот принц на Дубаи се огради од неговиот ликсузен SUV, поради неверојатна причина!

Никој никогаш не очекуваше дека Mercedes-AMG G63, со својот масивен V8 мотор, може да стори нешто за да ја зачува нашата природа и околина…

Оние кои се борат за екологија и зачувување на нашето природно опкружување, добиваат сипаници при самото спомнување на овој SUV модел на автомобил. Сепак, еве приказна за моделот Г63, кој му помогна на принцот да направи нешто што ќе донесе насмевка на лицето на апсолутно секој љубител на животни.

Шеикот Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум, крунисаниот принц на Дубаи, е познат во целиот свет како љубител на природата и често ги користи своите алатки на социјалните мрежи за да ги сподели своите фотографии во друштво на разни животни. Сепак, неговото видео споделено на Инстаграм претставува нешто навистина посебно – мала свилена птица има гнездо на неговиот Mercedes-AMG G63 SUV, кој е паркиран во рамките на неговата резиденција во Дубаи.

Овој љубител на природата открил дека неговиот црн Mercedes-AMG G63, паркиран во сенка, станал дом на гулаб што направил гнездо на аспираторот. Многумина веднаш би ја избркале птицата ако ја фатат во оваа сцена, но принцот наместо тоа сценарио, тој го оградил својот автомобилот со лента, за да ја заштитат птицата и нејзиното гнездо. Самиот принц ја снимал сцената на гнездото од далечина и зумирал за подобро да види што има врз неговиот автомобил.

Неколку дена после тоа, принцот споделил видео на две птици кои се одмараат и ги чуваат своите малечки на хаубата на неговиот G-Wagena!

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement