Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

G-Power го зема под нож Mercedes-Benz наместо BMW и не било кој Mercedes-Benz, туку AMG GT…

Тјунер кој поправаше се што е можно од BMW, одеднаш работи на Mercedes.Повеќе од 35 години мајсторите од G-Power го покажуваат своето знаење и искуство со поместување на границите на веќе силните автомобили. AMG GT и GT S очигледно ги привлекоа како магнет бидејќи штотуку претставија креација која е поекстремна од најмоќната верзија – AMG GT R со 577 КС.Софтверското зајакнување на Bi-Tronik 5 ја зголеми моќта на овој автомобил до неверојатни 610 КС. AMG GT S има 503 КС, а „обичниот“ AMG GT 462 КС, па оваа промена секако е добредојдена. Забрзувањето е намалено на само 3,6 секунди до 100. Покрај тоа, новиот модул обезбедува поголема агилност во кривините. Се поврзува со основниот мотор и ги менува податоците во копроцесорот, се за подобра контрола на возачот и самодоверба.

За да се заштити моторот од несаканите ефекти на вбризгување на електричен стероид, софтверот е програмиран да ја одржува моќноста на почетните нивоа додека не се постигне оптималната температура на маслото на моторот. Потоа го исклучува вентилот за напојување кога температурата на водата ќе ја надмине максималната граница.

Визуелните промени на овој секси модел не се неопходни, додадени се само комплет G-Power ултралесни бандажи Hurricane RR кои се достапни во различни бои. Во исто време, тие даваат дополнителна помош со стабилност и подобро забрзување. Предниот сплитер е изменет и поставени се прагови на G-Power. Можеби промените не се огромни, но квалитетот е врвен.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement