Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

FERRARI 275 GTB/4 КОЕ НЕКОГАШ БИЛО ВО СОПСТВЕНОСТ НА СТИВ МЕКВИН ОДИ НА АУКЦИЈА…

Ferrari 275 GTB/4 што некогаш беше во сопственост на Стив Меквин ќе се најде на аукција во август оваа година под покровителство на аукциската куќа RM Sotheby’s…

Во листата на легенди не само на Холивуд, туку и на моторните спортови од 20 век, името на Стив Меквин зазема едно од првите места, бидејќи тој се покажа и како страстен тркач и како ѕвезда на култни филмови.

Покрај одличните улоги, Стив Меквин беше и страствен колекционер на автомобили. Меѓу оние кои некогаш биле паркирани во неговата гаража е и ова беспрекорно реставрирано Ferrari 275 GTB/4, кое ќе биде продадено на аукција со помош на аукциската куќа RM Sotheby’s. Берлинета од 1967 година беше еден од четирите класични модели на Ferrari кои актерот ги возел во текот на својот живот, заедно со луксузниот Jaguar XKSS. Исто така, еден од автомобилите што ги поседувал и сакал бил исклучително редок Spyder 275 GTS/4 NART, но по несреќата во Малибу, не сакал да ја чека долгата и скапа поправка, па го заменил, купувајќи Ferrari 275 GTB/4.

Автомобилот беше купен од Hollywood Sport Cars во декември 1967 година. По купувањето, актерот позајми многу од неговите омилени елементи од уништениот Spyder 275 GTS/4 NART за да го додаде на својот нов 275 GTB/4, вклучително и нова темно црвена боја наречена Chianti Red, тркала Borrani и елегантно интегрирано огледало на браникот од страната на возачот.Ferrari на Меквин се менуваше неколку пати во текот на децениите, пред да заврши во колекцијата на австралискиот победник на Ле Ман од 1983 година, Верн Сапан.

Ferrari 275 GTB/4 од 1967 година во сопственост на Стив Меквин ќе биде продаден од RM Sotheby’s на претстојната аукција на House of Monterey на 18-ти и 19-ти август.

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement