Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Џеф Безос инвестирал 400 милиони американски долари во Мегалуксузна јахта

Мегајахтата „Летечка лисица“, вредна 400 милиони долари е во сопственост на Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој од 2017 година е најбогатиот човек во светот.

Мегајахтата е 14-та по големина јахта на Земјата, со должина од 136 метри. Дизајниран од познатиот дизајнер Еспен Оино, Летачката лисица се одликува со неверојатно привлечен труп, како и внатрешност.

Се истакнува со моќен мотор од 12.000 коњски сили, а максималната брзина што може да ја развие е 20 јазли.

Долг 136 метри, опремен е како лебдечки хотел. Има дури 11 кабини со приватни тераси, а може да се сместат 25 гости. Со пространи палуби и луксузни кабини за спиење, гостите имаат на располагање џакузи, базен, теретана, џет-ски, кино и хеликоптер – токму тоа за еден од најбогатите луѓе во светот.

Amazon, најпознатото име во онлајн трговијата, доживеа екстремен раст заради ситуацијата со вирусот корона и затворањето на физички продавници ширум светот.

За него нема криза

Безос е основач, извршен директор и претседател на мултинационалната компанија „Амазон“, која ја започна во 1993 година како мрежна книжарница во неговата гаража. Денес тој има учество од 11,2 проценти во корпорацијата, а тоа беше доволно за тој да заработи 6,3 милијарди долари за само еден ден по порастот на цената на акциите.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement