Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Авто салон за користени возила продава Rimac Concept One модел од 2019 година… Дали можеме да си го приуштиме?!

Хрватскиот суперавтомобил Rimac Concept_One се појави на американската интернет страна duPont Registry. Станува збор за еден од само осумте примероци произведени, или ако го вклучиме ѝ уништениот спортски автомобил од страна на Ричард Хамонд, è една од само седумте примероци во светот.

Овој Concept_One има небесно сина металик боја со беж кожа ентериер. Произведен во 2019 година, бројот на шасијата е обележан дури и на огласот, додека изложбениот салон на Менхетен моторс од Њуујорк е наведен како продавач. Concept_One опфатил само 111 милји, или 178 километри, така што тоа е практично комплетно ново возило.

И цената е иста – гореспоменатиот користен салон за автомобили бара дури 1,6 милиони американски долари за минатогодишниот суперавтомобил. Во превод, тоа би било нешто повеќе од 83 милиони денари, плус данок.

Иако никогаш не беше официјално објавено, цената на овој автомобил, за оние кои го купија директно автомобилскиот салон, бил околу еден милион долари. Имајќи предвид дека станува збор за реткост, увезена во САД, не е изненадувачки што цената за половниот суперавтомобил од овој тип е повисока и претставува сладок десерт за колекционерите на автомобили.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement