Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Се продава Jaguar X-Type на кралицата Елизабета Втора…

Автомобилот првпат е регистриран во 2009 година, а на бројчаникот има само 120.000 километри.За време на нејзиното долго владеење, кралицата Елизабета Втора сменила десетици луксузни британски автомобили. Иако нејзиниот избор најчесто бил Land Rover Defender, таа го сакала и Jaguar X-Type зад чиј волан ја поминала последната година од животот.

Кон крајот на минатата година, по објавата за нејзините здравствени проблеми, токму во овој зелен Jaguar побегна од фоторепортерите пред замокот Виндзор.

Караванот на кралицата сега се појави во понудата на аукциската куќа Historic Auctioneers.

Иако на прв поглед изгледа како семеен автомобил, тој е придвижуван од моќен трилитарски V6 мотор кој ја испраќа силата на сите тркала. Првпат е регистриран во 2009 година, а на бројчаникот има само 120.000 километри.Иако на прв поглед изгледа како семеен автомобил, тој е придвижуван од моќен трилитарски V6 мотор кој ја испраќа силата на сите тркала. Првпат е регистриран во 2009 година, а на бројчаникот има само 120.000 километри.

Џејмс Гуд од аукциската куќа не го криеше својот ентузијазам за култниот Jaguar: „Голема чест е да се даде на аукција ова фантастично парче историја. Како што можете да видите во весниците, првиот сопственик беше кралицата Елизабета Втора.

Нејзиниот Jaguar е соодветно сервисиран. Како што доликува на автомобил во сопственост на кралското семејство, внатрешноста е обложена со најфина кожа, а има и подвижен покрив, електрични прозорци, автоматски менувач… Ова е прекрасен и уникатен колекционерски предмет. Вистинско богатство!’.

Иако слични копии може да се најдат во огласите за 4.000 фунти , експертите проценуваат дека оваа копија ќе достигне најмалку десет пати поголема цена.

Аукцијата ќе се одржи на 26 ноември, а почетната цена е една фунта.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement