Спортскиот Ferrari 360, кој се произведуваше од 2000 до 2005 година, стана еден од најпознатите автомобили, кој деновиве според стандардите на италијанската марка може релативно евтино да се купи на секундарниот пазар.

Токму таков пример се појави на веб-страницата PistonHeads, на која посебна вредност и дава не само состојбата, туку и првиот сопственик – познатиот британски фудбалер Дејвид Бекам. Продавачот сега бара 110.000 фунти за овој Ferrari 360 Spider.

Завршен во Nero Black со внатрешност на Sabbia Sand Brown, кабриолетот од 2001 година го купил познат спортист и го возел додека играл за Манчестер Јунајтед. Со оглед на периодот во кој поранешниот ас на Манчестер Јунајтед го поседуваше овој спортски автомобил, повеќе од разбирливо е зошто цената е толку висока.

Бекам го чувал овој луксузен автомобил во својата гаража од 2001 до 2003 година пред да се пресели од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид.

Километражата на овој спортски автомобил е само 12.713 километри, што го прави многу привлечна понуда со оглед на личноста на сопственикот. Ferrari 360 Spider е придвижуван од 3,6-литарски V8 мотор со 400 коњски сили, кој во конкретниот пример е поврзан со 6-брзински автоматски рачен менувач на Graziano.

Кабриолетот е опремен со тркала BBS Challenge, седишта од карбонски влакна, скари Challenge Stradale на задниот дел од каросеријата и спортски издувен систем Tubi.
