Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Ова е првиот автомобил со екран однадвор…

Конечно го добивме, првиот автомобил со екран однадвор.

Истиот е потпишан од General Motors, а неговото целосно име е моделот Baojun Yep. Електричниот автомобил е создаден во партнерство поддржано од SAIC-GM-Wuling, а беше претставен уште во февруари. Меѓутоа, сега доби додаток кој предизвика интерес низ целиот свет.

Новите официјални фотографии од овој сладок мини кросовер со електричен погон откриваат нов детал. Покрај тоа што е првиот електричен автомобил во класата на минијатурни модели kei со опција за возило за испорака,Yep е и првиот што доби интерактивен екран одзади.

Се вели дека е инспириран од паметните часовници, па оттука и името Car-Watch. Станува збор за интерактивен модул сместен помеѓу задните светла, а долу е панел со димензии 1050 mm x 260 mm што симулира лента за часовник. Форматот го следи дизајнот на Apple Watch, а има димензии од 300 x 256 mm.

Car Watch е наменет првенствено за помлади сопственици кои се и активни корисници на социјалните мрежи. Покрај разновидна графика и текст, на екранот може да се проектира и видео материјал, со што ќе се овозможи комуникација со минувачите.

Внатрешноста на возилото се уште не е откриена, а првите примероци на патиштата би требало да пристигнат во јуни. Ваквите возила со минијатурни димензии, со не премногу моќен погон и со малку скромен капацитет на батеријата, се исклучително популарни во Кина, пред се поради нивната многу пристапна цена. Минијатурата на Wuling како еден од најевтините модели во Кина е на самиот врв на листата на најпопуларни модели.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement