Апсорбирајќи 99,6% од светлината, Porsche 911 изгледа како црна дупка во движење на улиците на Токио.
Ова адаптирано Porsche потекнува од земјата на изгрејсонцето. За да создаде необичен ефект на црна дупка, Pit One Customs во Јапонија одлучи да ја обои надворешноста на Porsche 911 со посебна боја наречена Musou Black.

Направено од јапонска компанија наречена KoPro, ова е најцрната акрилна боја на база на вода во светот која може да апсорбира до 99,6% од светлината што паѓа на неа. Има цело видео на YouTube за тоа како една јапонска работилница го изгради најцрното Porsche 911. Се започнува со сјајно црно Porsche кое се трансформира во спортски автомобил кој изгледа речиси нереално.

Интересно е што ова обоено по нарачка Porche 911 не е најцрното возило на светот. Најцрниот автомобил е прилагодено BMW X6 што беше претставено на Саемот за автомобили во Франкфурт 2019. Спортскиот теренец беше обоен во најтемната црна боја наречена Vantablack. Специјалната боја е способна да апсорбира дури 99,96% од видливата светлина, што ја прави најтемната црна боја во светот.
