Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Нов Fiat Topolino: Нуди најмногу стил, а и тинејџерите можат да го возат…

За да управувате со Topolino доволно е да имате 15 години и положен возачки испит за мопед.

По малку срамежливото деби на Ami на Citroen,потоа и Opel’s Rocks моравме да почекаме другите брендови да ги понудат своите верзии.Fiat го претставува Topolino, а само чекаме да видиме дали и Peugeot ќе добие своја верзија.

Моментално најинтересен е Topolino.Иако технолошки не се промени, Италијанците повторно покажаа дека се вистински стилисти. Тие не отстапија значително од стандардната форма, но на својот претставник успеаја да му дадат доволно личност и да го поврзат со истоимениот легендарен претходник.

Topolino е двосед од 2,5 метри кој се напојува од електричен мотор од 8 КС во комбинација со батерија од 5,5 kWh.Врвните вредности се 45 km/h максимална брзина, опсег од 75 km и нешто повеќе од четири часа за полнење на батеријата.,

И сега тука влегува Fiat. На тој начин нуди летна верзија која ќе ви го олесни одењето на плажа или посетата на центарот на градот. Таквата верзија нема врата, туку сигурносно јаже. Стандардна е и платнена ролна, а листата на опции вклучува туш кабина, багажник, USB вентилатор и Bluetooth звучник.

Навлаките на седиштата служат како крпи, а опремата вклучува и шише со вода. Она што не можете да го изберете е бојата – секогаш е Verde Vita нијансата. За персонализација има различни налепници и инсерти.

Fiat ја цени затворената и поразиграна верзија Долчевита во Италија по иста цена, за 9.890 евра, што е значително повеќе од Citroen Ami и Opel Rocks, пишуваат некои медиуми. Првите испораки се очекуваат до крајот на годинава.

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement