Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Наскоро ќе ни биде достапна (визуелна) копија на Буба: Еден од најголемите кинески производители на автомобили доаѓа во Европа!

Засега автомобили во само во Германија ќе увезува Emil Frey Group.Кинеските производители на автомобили полека влегуваат на европскиот пазар. Nio и Lynk & Co се веќе присутни таму (производител е Geely, сопственик на Volvo). Сега уште еден голем производител од Кина доаѓа во Европа. Автомобилската групација Great Wall Motors влегува со два бренда Ora и Wey. Двете марки ги претставија своите возила пред јавноста пред една година на саемот во Минхен, со одлични реакции.Ora Cat 01 привлече големо внимание со дизајнот налик на VW Beetle. Great Wall ги намали разликите со благи интервенции за да се избегне тужба од германскиот производител, но некои надворешни сличности сепак останаа. Внатрешноста покажува дека се работи за високотехнолошки производ. Електричниот автомобил е долг 4,24 метри и наводно нуди многу простор внатре. Електричниот мотор развива 171 КС и 250 Nm, а возилото има погон на предните тркала.

Батеријата од 63 kWh обезбедува 400 километри опсег на WLTP, максималната брзина на полнење е (денес малку помалку импресивна) 50 kWh. Сите главни системи се управуваат преку централен процесор, што ја намалува потребата за чипови. Камерите генерираат поглед од 360 степени околу возилото. Автоматизираниот асистент за рикверц снима растојание до 50 метри, што досега го нудеше само BMW. Цената на почетниот модел би требало да биде околу 30.000 евра. Додадете на тоа стимулации и имате прилично евтин електричен компактен модел.

Wey Coffee 01, од друга страна, е plug-in хибрид во класата BMW X5. Долг е 4,87 метри и има вкупно три мотори, дволитарски бензински мотор и два електромотори. Вкупната моќност на системот е 476 КС, а менувачот е автоматски со девет чекори. Најимпресивен е електричниот досег од 150 километри, што овозможува сериозно возење само на струја. Почетната цена би можела да биде околу 50.000 евра. Како влезна цена на ИАА се споменуваа околу 50.000 евра.

Засега автомобилите во Германија ќе ги увезува само групата Emil Frey Group, основана во 1924 година и со седиште во Цирих. Првите автомобили ќе бидат достапни на крајот на 2022 година.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement