Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

КОЛЕКЦИЈА ОД 230 КЛАСИЧНИ АВТОМОБИЛИ СО НЕПРОЦЕНЕТА ВРЕДНОСТ ШТОТУКУ НАЈДЕНА ВО МАГАЦИН ВО ХОЛАНДИЈА…

Една од најдобро чуваните тајни колекции на автомобили во Европа штотуку е откриена во еден магацин во Холандија.

Непроценлива колекција на автомобили, која не би било претерување да се опише како вистинско скриено богатство, ќе се најде на аукција следниот месец. Неверојатната колекција, која вклучува најмалку 230 класични автомобили, беше собрана во период од 40 години од холандскиот колекционер Ант Палмен. Палмен работеше како продавач на автомобили во Холандија во средината на 1960-тите пред на крајот да започне своја сопствена колекција, а неговото прво купување беше жолтата Lancia B20.

Тој го чуваше своето богатство кое постојано се проширува на три одделни локации – два магацини и црква – подалеку од љубопитните очи на аукционерите на автомобили.

„Петнаесет години живееме на оваа локација.Редовно го прашувавме сопственикот дали можеме да погледнеме внатре, но тој не ни дозволи“, им рекол соседот на аукционерите.

Дури кога Палмен се разболе од деменција кон крајот на минатата година, неговите адвокати го открија она што сега се смета за една од најдобро чуваните тајни збирки во Европа. Добиени од целиот свет, ретките модели го одразуваат префинетиот вкус и остроумното око на Палмен. Колекцијата вклучува барани класици од Италија (Alfa Romeo, Lancia, Maserati и Ferrari), Франција (Facel Vega), Германија (BMW, Mercedes-Benz и NSU), Велика Британија (Jaguar, Aston Martin и Rolls-Royce) и Америка (Chevrolet, Cadillac i Ford). Во понудата се и автомобили на помалку познати марки како Tatra, Monica, Moretti, Matra, Alvis, Imperia и Villard.

Иако не е објавена финансиска проценка за колекцијата, може слободно да се претпостави дека вкупната конечна цена на аукцијата ќе биде во милиони. Аукциската куќа тврди дека возилата на четири тркала „го издржале тестот на времето“. Повеќето се претставени во оригинална состојба, а самиот Палмен се обидел да ги одржува моторите во добра состојба.

„Малку е веројатно дека некој повторно ќе наиде на колекција од овој калибар во својот живот“, рекоа во соопштението Нико и Ник Олдеринг од галеријата Aldering.

Автомобилите сега се во магацин во Дордрехт, кој ќе биде отворен за јавноста три дена на крајот на мај. Комплетната листа од 230 автомобили во колекцијата на Палмен можете да ја најдете на веб-страницата на Галеријата Aldering.Онлајн аукцијата ќе се одржи во соработка со аукциите за класични автомобили, од 19 мај до 7 јуни.

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement