Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Какво Ferrari,Lada е закон! Шампионот во Формула 1 Кими Раиконен научи да вози благодарение на оваа легенда, еве што вели тој за неговиот автомобил…

Ледениот Финец, Кими Раиконен, ги освои срцата на многу љубители на Формула 1, како со својата непосредност, така и со маестрално возење, благодарение на што во 2007 година стана шампион на „најбрзиот циркус на светот“.

Раиконен го покажа својот неверојатен возен талент како момче и од десетгодишна возраст беше успешен во неколку европски натпреварувања, од картинг до шампионатот во Формула Renault.

Веќе во 2001 година, на 22 години, тој стана возач на  Sauber и така ја започна својата кариера во Формула 1. Првата победа ја чекаше до 2003 година кога возеше за McLaren Mercedes, а четири години подоцна го напиша своето име со златна боја во историјата на Формула 1 станувајќи шампион со Ferrari.

Интригантно, интересно и „ледено“ додека возеше, Кими привлече големо внимание во текот на кариерата, а еден од шокантните моменти беше кога го откри својот прв автомобил, оној на кој научил да вози.

Очекувајќи дека тоа е барем e некоj брз и пргав автомобил,новинарот на CNN се шокираше кога го слушна одговорот на Кими.

  • Имав руска Lada,ja добив од пријател, го сменивме моторот, тој беше идеален за нас, слободен и многу робустен автомобил. Беше црвено, но го обоивме црно. Никогаш немаше дефекти- изјави легендарниот Финец во интервју за CNN.

Странските медиуми објавија дека станува збор за Lada 2101 (ВАЗ-2101), која Кими очигледно не ја заборава и за неа зборува со многу емоции и суперлативи и покрај тоа што сега има моќни машини како Rolls-Royce,Wraith Black Badge, Ferrari Enzo, Ferrari F12 i Ferrari 488 Pista.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement