Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

За својот стоти роденден, Дизни лансира мотоцикл “Vespa”…

Со оваа соработка “Vespa” и Дизни му оддаваат почит на познатиот херој на анимираниот филм Мики Маус.
Гигантот од светот на забавата – компанијата Дизни годинава слави стогодишнина, а прославата ја започна со соработки со познати светски брендови. Една од нив е иконската италијанска веспа, која во соработка со компанијата лансираше мотоцикл во чест на нивниот познат херој, Мики Маус.

Како што пишува порталот HypeBeast, Vespa, која вообичаено игра на картата на слободата и забавата, со Дизни споделува уникатен пристап за раскажување приказни кои завеле милиони фанови ширум светот.

Препознатливи бои
Познатата “Vespa”, односно нивниот препознатлив мотоцикл, овојпат е обоен во црвена, бела и жолта боја; Бои на Мики Маус. Жолтата боја на тркалата е ода на чевлите на Мики, а црните огледала се дизајнирани да личат на неговите тркалезни уши.

На страните на мотоциклот е испечатена силуетата на познатиот глушец. Фановите на Дизни и “Vespa” можат да купат и кацига во исти бои и на тој начин да им оддадат почит на ликовите кои се создадени во стогодишната фабрика за забава. Инаку,”Vespa” се појави во анимираниот филм „Лука“ во продукција на „Disney“ и „Pixara“, во кој две момчиња-риби сонуваат за слобода и “Vespa”.

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement