Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

„Децата никогаш повеќе нема да бидат заборавени во автомобил“: Volvo претстави решение за неодговорните возачи…

Со сензори над главата на возачот, во светлата на покривот и багажникот, овој систем може да открие дури и милиметар движење.

Volvo објави дека нивниот нов SUV модел EX90 ќе биде опремен со радарска технологија која ќе детектира деца или домашни миленици оставени во автомобилот откако возачот ќе излезе од возилото.

Радарот е дизајниран да биде доволно прецизен и чувствителен за да ги открие дури и најситните движења – како движењата на заспаното дете. Тоа е првиот радар кој ја покрива целата внатрешност на автомобилот, вклучувајќи го и багажникот.

Со сензори над главата на возачот, во светлата на покривот и во багажникот, овој систем може да открие дури и милиметарско движење низ внатрешноста на автомобилот.

Лота Јакобсон, технички експерт за превенција од повреди, рече дека никој не избира да биде уморен или расеан, туку дека тоа може да му се случи на секого: „За да се покрие што е можно поголем дел од кабината и да се почувствува дали детето или домашно милениче биле оставени во автомобилот, распоредивме радари низ кабината, вклучувајќи го и багажникот.

  • Никој не избира да биде уморен или расеан, но сите сме луѓе и расеаноста е животен факт. Со помош на најсовремена технологија, ќе ве поддржиме кога не сте најдобро и ќе ви помогнеме да избегнете случајно да ги оставите членовите на семејството или домашните миленици. – заклучи Лота.

Новиот внатрешен радарски систем прво ќе биде воведен стандардно на Volvo EX90 кој ќе биде претставен на 9 ноември, а истиот систем ќе биде вклучен и во другите претстојни модели на Volvo.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement