Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

А, каде е Бетмен: Запоставениот Бетмобил пронајден во депонијата Дубаи

Количината на егзотични автомобили што можете да ги видите напуштени во Дубаи е едноставно неверојатна…

Некои од најуникатните автомобили во светот, ретко можат да се видат во други делови на светот паркирани во авто-отпадна депонија. Сепак, ќе се согласите со нас дека дури и за Дубаи, ова е вистинско изненадување: Tumbler Batmobile беше скоро забележан во навистина лоша состојба. Еден корисник на Reddit со корисничко име gautamailani92 наишол на овој неверојатен автомобил зад магацинот Al Kvoz во Дубаи и тој дефинитивно бил воодушевен. Реагирајќи точно како што би реагирала секоја рационална личност, коринсикот на Reddit бил изненаден од неговото откритие и го споделил на Интернет, прашувајќи: „Што мислите, зашто е напуштен?“

Овој автомобил дебитираше во првиот филм за Бетмен на Кристијан Бејл, „Batman Begins“ во 2005 година. Ѕверската машина со масивни тркала беше сосема поинаква во однос на сите Бетмобили што сме ги виделе претходно во стрипови и филмови, и токму затоа достигна неверојатна популарност.

Засега немаме информации дали овој напуштен модел е оригинален филмски реквизит или реплика. Како и да е, што е интересно, во едно видео на YouTube од 2019 година, еден човек наиде на Tumbler возило што било користено во трилогијата Бетмен во слична состојба, исто така на територијата на Дубаи. Знаеме дека има пет верни реплики на овој модел кои беа продадени по цена од еден милион долари за парче, а една од нив очигледно пристигна во Дубаи.

Всушност, овој модел беше пуштен во продажба во 2015 година, а напуштениот Tumbler е неверојатно сличен на него. Репликата е придвижувана од Chevrolet Corvette 57-литарски V8 мотор, кој произведува повеќе од 500 коњски сили и има максимална брзина од 250 километри на час. Исто така, мора да споменеме дека е улично легално возило! Се надеваме дека напуштениот Tumbler наскоро ќе го најде својот нов сопственик кој ќе му даде внимание и љубов како што заслужува.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Fine Living

Хотелот Вила Хонег е единствен бутик хотел со 5 sвездички, сместен на планините во Бергенсток кај Луцерн, Швајцарија. Овој хотел датира од 1905 година...

Route 66

Порше ја проширува листата на премиум локации за патување на кои има американски полначи за Порше Тајкан. Историскиот хотел Марк Хопкинс Интерконтинентал Сан Франциско...

Fool Moon

Ѕвездите од серијата „Чарлиевите ангели“, четириесет и шестгодишната Дру и четириесет и деветгодишната Камерон, добија огромна поддршка и виртуелен аплауз од многу жени, вклучувајќи...

Cotton Club

Модната недела во Њујорк заврши со модна ревија на Том Форд, чија колекција го одразува жешкото исчекување на ноќните излегувања. Многумина од нас сѐ...

Advertisement