Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

Закажана премиерата на оригиналниот саунтрак од филмот The Grand Budapest Hotel

Генијалниот Wes Anderson измисли држава за неговиот нов филм “The Grand Budapest Hotel,” па последователно на тоа  и очекувано е дека и самиот саундтрак ќе биде претежно оригинална музика.  Саундтракот има 32 нумери од кои композицијата “Canto at Gabelmeister’s Peak,” ја доживеа својата премиера на 18.02.2014.

И во претходните филмови на Anderson не беше исклучок застапеноста на оригинална музика но генијалецот има вклучено и познати хитови од легендарните Rolling Stones, John Lennon и Kinks, David Bowie…

hotel

 

Овој пат Anderson сакал да создаде културолошка позадина за Република Зубровка, измислена за филмот, изјави ко-продуцентот Randall Poster. Заедно со Anderson истражувале многу за класичните композитори од раниот 20ти век и фолклорната музика, за да го одберат  Рускиот традиционален инструмент  Балелајка како главен носач на музиката во филмот .

“Мислам дека доловуваме атмосфера на култура која евоулуира, проткаена со фолклор. Обилува на некој начин со митолошки странски идентитет кој сакавме да го канализираме. Едноставно има магија во него. Грандиозен звук. „ изјави Poster.

Музиката ја има напишано Францускиот филмски композитор Alexandre Desplat  и мора да се спомне учеството на Osipov State Russian Folk Orchestra. Преовладува многу Руски фолклор и Вивалди. Desplat веќе има соработувано со Anderson на “Moonrise Kingdom” и “The Fantastic Mr. Fox.”

Официјална премиера на саундтракот е закажана за 4 Март годинава под ABKCO Records. Додека премирата на филмот е на 7 Март.

hotel2

Во исчекување на овој ветувачки албум во прилог листата на сите 32 мелодии

1. s’Rothe-Zäuerli – Öse Schuppel
2. The Alpine Sudetenwaltz
3. Mr. Moustafa
4. Overture: M. Gustave H
5. A Prayer for Madame D
6. The New Lobby Boy
7. Concerto for Lute and Plucked Strings I. Moderato – Siegfried Behrend & DZO Chamber Orchestra
8. Daylight Express to Lutz
9. Schloss Lutz Overture
10. The Family Desgoffe und Taxis
11. Last Will and Testament
12. Up the Stairs/Down the Hall
13. Night Train to Nebelsbad
14. The Lutz Police Militia
15. Check Point 19 Criminal Internment Camp Overture
16. The Linden Tree – Osipov State Russian Folk Orchestra, Vitaly Gnutov
17. J.G. Jopling, Private Inquiry Agent
18. A Dash of Salt (Ludwig’s Theme)
19. The Cold-Blooded Murder of Deputy Vilmos Kovacs
20. Escape Concerto
21. The War (Zero’s Theme)
22. No Safe-House
23. The Society of the Crossed Keys
24. M. Ivan
25. Lot 117
26. Third Class Carriage
27. Canto at Gabelmeister’s Peak
28. A Troops Barracks (Requiem for the Grand Budapest)
29. Cleared of All Charges
30. The Mystical Union
31. Kamarinskaya – Osipov State Russian Folk Orchestra, Vitaly Gnutov
32. Traditional Arrangement: Moonshine

 

Прочитај

Four Seasons

Постојат некои места на нашата планета, кои едноставно содржат повеќе маѓија од останатите. Еден од нив сигурно е Маракеш… Можност да уживате во мир...

Cotton Club

Постојат само два момента кога времето речиси ќе застане – кога сте во карантин и кога секој ден ви изгледа речиси ист, а потоа...

Fine Living

Rimor X јахтата е дизајнирана да ве однесе од едниот до другиот крај на земјата, а нејзиниот ентериер не потсетува на луксузна хај-тек палата,...

Route 66

Бугати Тип 57 и неговите подоцнежни варијанти се моментално најпосакуваните автомобили на светот, барем кога станува збор за вредноста , додека меѓу нив особено...