• Сподели на:

PIXIS го објавија новиот албум “Indie Cindy”, ден по тоа…

___

После прво разидување во 1993, овој бенд остави голем печат во рок музиката, Nirvana и цела армија алтернативни бендови најдоа своја инспирација во албуми како Sufer Rosa и Doolittle. Со време алтернативната/инди музика доста експеримиентира со модерна музика и буквално губи од својот пат. Во 2004 година PIXIS се обединија, тогаш изгледаше како добар потег  – акт кој ќе ја ископа рок музиката која беше се уште релевантна , уникатна и зачувана. Обединувањето се одржа со постојани турнеи скоро секоја година потоа, но им требаше дури едан деценија за да извадат нов албум, кој официјално искочи на 29 Април 2014, под наслов Indi Cindy.

Прв впечаток слушајќи го албумот е дека не е класичен албум на бендот, посебно не со нивната музика од 80те години, која имаше чист, жив и едноставен звук. Новиот албум остава звук од кој главен впечаток е дека постои и е колекција од фунционални песни , стихови и акорди кои се испреплетуваат заедно но по некој необичен избор. Главен комплимент е коментарот „звучи како бендот“., што остава простор за фановите сепак да уживаат во него.

Првата песна What Goes Boom има рифови кои остануваат во глава после слушање, комбинацијата на ритам секцијата и гитарата на Bagboy веќе влече корени од претходниот албум од 1991 Trompe Le Monde. Сепак наш избор се песните Magdalena и Blue Eyed Hexe.

Покрај турнеите и работата на новиот албум, членови од бендот претходните години работеа доста на соло проекти. Black Francis објави дури 10 плочи, а басиската/пејачка Kim Deal издаде нов албум The Breeders. Deal изјавила дека покрај доста конфорнтации што следеле помеѓу неа и Francis при пишувањето на новиот материјал, одлучила да го напушти бендот. Бендот продолжува како трио. Иако нејзиното влијание на новиот албум не е впечатливо сепак таа остава голем печат на нивните претходни песни особено хитот Gigantic.

Се надеваме дека ќе одвоите време да го слушнете албумот, наш избор од него е

PIXIES – BLUE EYED HEXE


Оставете коментар

___