• Сподели на:

Нов албум на Beyonce овој месец!

___

Во текот на изминатиот викенд интернетот беше преплавен со гласини дека како и минатата година Beyonce планира тајно да објави нов албум, а се појави и листа на песни кои треба да бидат на него.

Шпекулациите ги прекина Amazon и потврди дека на 24-ти ноември ќе биде достапен нов албум на пејачката. Всушност тоа ќе биде делукс верзија на нејзиниот претходен албум, DVD, настапи во живо, како и нов материјал, меѓу кои се споменуваат соработки и ремикси со Nicki Minaj, Rihanna, Justin Timberlake, Pharrell Williams и Kanye West.

Во 2013-та година Beyonce неочекувано и без маркетинг и промоција го објави новиот албум на кој едноставно му го даде своето име, што се покажа како одличен чекор и постигна голем комерцијален успех со сингловите “XO”, “Drunk in Love”, “Partition”, “Pretty Hurts” и “Flawless”.


Оставете коментар

___