Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

музика

Dave Grohl со ново шоу на HBO

Доста активен период за фронтменот на Foo Fighters последниве неколку месеци. Nirvana беа претставени во Hall of Fame, со најава дека веќе е во подготовка нов албум на Foo Fighters кој ќе биде сниман во повеќе студиа… Dave Grohl изгледа ужива се повеќе во улогата како режисер, после неговиот документарец Sound City и видео запис за Soundgarden за песната By Crooked Steps, најавено е ново шоу во стил на документарец, кој ќе се емитува зимава на HBО, Grohl се најавува како продуцент и водител.

Шоуто е базирано на слична идеа како Sound City, Grohl ќе патува до различни историски музички студиа низ цела Америка и ќе ги документира нивните стории. Веќе се посетени неколку легендарни студиа како Inner Ear Studios во Washington D.C. исто така и Steve Albini’s Electrical Studio во Chicago. Направени се веќе интервјуа со Nancy Wilson од Heart’s, Joe Walsh од Eagles, панк легендата Ian Mackaye и Paul Stanley од KISS.

Сепак овој проект изгелда не му одзема толку време на Dave, така да наскоро ќе бидат задоволени и фановите на Foo Fighters, според изјавите на Joe Walsh кој снимал песна со нив за нивниот следен албум.

Прочитај