• Сподели на:

Даниел Кајмакоски ќе не претставува на Евровизија

___

Даниел Кајмакоски со композицијата „Лисја есенски“ ќе ја претставува Македонија на Изборот за песна на  Евровизија 2015–та, во Виена, Австрија.

Тој победи на синоќешниот Фестивал на забавни мелодии – Скопје 2014 што се одржа во Метрополис арената во Скопје.

Второ место го освои Тамара Тодевска со „Брод што тоне“, а третото место и’ припадна на Евгенија Чанчалова – Еги која настапи со песната „Да не те сакам“.

На тројцата првопласирани изведувачи им следуваат вредни парични награди.

Првопласираниот добива 20 илјади евра во денарска противвредност, за второпласираната 10 илјади и 5 илјади евра за трето пласираната композиција.


Оставете коментар

___