На првиот настап по враќањето на музичката сцена со Hello, Адел ги изненади присутните со ненајавена премиера на третата балада од новиот албум.
Во Radio City Music Hall во Њујорк, синоќа (18-ти ноември) Адел одржа сензационално музичко шоу во кое „ги спакува“ нејзините најголеми хитови.
На големо изненадување на присутните, сите присутни имаа чест за првпат во живо да ја слушнат изведбата на Million Years Ago, третата песна од албумот „25“.
Набрзо по завршувањето на шоуто, изведбата беше објавена на YouTube:
https://www.youtube.com/watch?v=9CA0js_1rO4

You must be logged in to post a comment Login