Објавен е првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение на хитот од 1996-та година, „Independence Day“.
Научно-фантастичната авантура „Independence Day: Resurgence“, што доаѓа следната година, го доби првиот трејлер.
Џеф Голдблум, Бил Пулман и Вивика Фокс ги репризираат улогите, а на нив ќе им се придружат новите Лијам Хемсворт, Села Ворд, Шарлот Геинсбур и други. Режијата повторно е на Роналд Емерих.
Со помош на вонземската технологија, земена од првата средба со вонземските тела, Земјата ја засили својата одбррана. Но ништо не може да ги подготви за силата и напредноста на вонземјаните. Само неколкумина храбри луѓе ќе можат да го спасат нашиот вид од истребување.
Премиерата на „Independence Day: Resurgence” е закажана за на 24 јуни следната година.

You must be logged in to post a comment Login