Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Филм

HOUSE OF CARDS – Втората сезона излезе на 14-ти Февруари, еве мал потсетник што се случуваше во првата

Маестралниот Кевин Спејси го игра манипулативниот Френк Андервуд, спин-мајстор вработен во Белата Куќа, кому му е ветено местото на Државен Секретар, доколку успее кандидатот на републиканската партија да го постави за нов претседател на САД. Френк успева во својата намера, благодарение на одличните манипулативни и бескрупулозни игри, но сега веќе избрниот Претседател се одлучува функцијата резервирана за Френк, да ја даде на друг.

 

Тука, Претседателот на САД (во серијата) се зае..ва, или како што изјави Обама, кому патем му е омилена серија: “Ни јас не би си играл со Френк Андервуд”

 

Френк ја положува својата одмазда во текот на целата прва сезона, држејќи ги близу себе неговите соучесници: неговиот советник, сопругата, преамбициозната новинарка во раст и пропаднатиот политичар, кого откако ќе го употребат, безмислосно ќе му го окончаат животот.

 

Серијата е во продуцирана и во режија на Дејвид Финчер (Fight Club, Curious Case of Benjamin Button), кој е двапати номиниран за Оскар, номиниран и победник во категорија за најдобра режија на БАФТА и Голден Глоуб, добитник на ЕМИ за првата сезона на House of Cards.

Advertisement
Advertisement

Прочитај