Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Филм

Ди Каприо ѕверски нападнат и силуван?!

Славниот актер толкува лик во филмот „Повратник“ (The Revenant) кој два пати го силува мечка! – тврди веб порталот Drudge Report.

Сценариото е напишано според биографската книга на Хју Глас во која се спомнува блиската средба на шумскиот ѕвер, женка која била агресивна бидејќи ги штитела малите мечиња.

Хју Глас таа кобна 1823 година претрпел тешки повреди и одвај преживеал. Сцената е мошне брутална и живописно го прикажува ѕверскиот напад.

– Тоа е една од најтешките работи што сум ги извел во целата кариера, но мислам дека публиката ќе ја препознае уметноста. Кадровите се шокантни, а начинот на снимање е близок на документарен филм – рекол Леонардо во интервјуто за  Yahoo Movies.

Ова е вторпат како пристигнуваат контроверзиите од сетот на филмот „Повратник“. Дикаприо навистина спиел во распорен труп од коњ за да се загрее. Ниту студот не бил одглумен, а актерот сопственото здравје го ставил на коцка за да бидат сцените што поавтентични.

Студиото кое стои зад филмот „Повратник“ на Дикаприо ги демантираше тврдењата дека актерот е „силуван од мечка“ во една од првичните сцени на филмот.

Исто така, беше објавено дека ликот на Ди Каприо Хју Глас е брутално нападнат од животно, кој полудено го напаѓа од зад грб и продолжува да го злоставува.

Веб порталот исто така додава дека „мечката скокнала врз Лео и брутално го ударала во текот на експлицитното распарчување“.

Две лица кои веќе го гледале филмот изјавиле за „Дејли мејл“ дека додека мечката го напаѓала ликот на Дикаприо во филмот навистина имало удирање. Но, дека немало никаков инцидент на силување.

„Твенти Сенчри Фокс“, студиото кое стои зад филмот вели:

– Секој што го гледал филмот може да посведочи дека мечката во филмот е женка која го напаѓа Хју Глас бидејќи почувствувала дека тој може да биде закана за нејзините младунчиња. Дефинитивно не пости сцена на силување со мечката.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement