• Сподели на:

„Cartoon Network“ ги враќа во живот Том и Џери и Скуби Ду!

___

Тоа што беше старо е ново повторно. Картун Нетворк објави нови оригинални програми на кои ќе работи, кои вклучуваат оживување на класиците Том и Џери, Скуби Ду и Багз Бани.
Том и Џери, цртаниот филм кој ќе проба да го долови орогиналното бркање помеѓу мачката и глушецот од старите денови, а сега тоа ќе го прави во „High Definition“, се прикажува од 9ти април. Скуби Ду е 22 минутна комедија која ја собира групата повторно заедно со модерен пресврт, во кои групата ќе тргне на пат со Мистериозната Машина. “Wabbit” во продукција на Луни Тунс, во главната улога со Багз Бани, а во компилација заедно со добро познатиот карактер Јосемит Сем и Вили Е. Којот, како и некој нови карактери.

Покрај другите 11 нови оригинални програми, за првпат до сега се работи на 10-делна мини серија „Over The Garden Wall“, вклучувајќи ги „Elijah Wood“ (Lord of the Rings), Collin Dean (The Warat Home) и Lynskey (Two and a Half Men).

И покрај обновениот фокус на дигиталната технологија, Картун Нетворк исто така, оваа година ќе започне со програма „Cartoon Network Anything“, што ќе им овозможи на корисниците да превземаат содржини (како игри, апликации, активности и сл.) за своите мобилни телефони или таблети.


Оставете коментар

___