За да биде вашата кожа сјајна и со свеж изглед , сe што ви треба се две состојки . Ние ви даваме рецепт за маска од белка и лимон по кој вашата кожа ќе изгледа подобро од било кога, и ќе биде мека и нежна .
Ги матиме белките , а потоа додаваме малку сок од лимон. Маската треба да биде густа доволно за да стои убаво на лицето. Применувајте ја маската на чиста кожа. Препорачливо е лицето на кратко да го испарите за да се отворат порите , а со тоа се обезбедува и хранливите материи од маската да навлезат подлабоко во кожата. Чувајте ја 15-20 минути и исплакнете со млака вода. Не чекајте маската да се исуши , бидејќи така ќе биде многу потешко да се отстрани.

You must be logged in to post a comment Login