Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Совршена есенска шминка

Од време на време е добро да се излезе од рутината и да се проба нешто ново. Почетокот на новите сезони будат посебна инспирација за експериментирање со нови бои, но и нови стилови, соодветни на сезоната. Оваа есен задржете ја едноставноста, фокусирајте се на темните усни, кафените очи и секогаш неизбежното, убавото и чисто лице. Ова се нашите три предлози за лесна и шик шминка.

Темни усни

Постојано сте со неутрални нијанси, розеви или црвени. Есента е тука, што значи дека на сцена доаѓаат темните и длабоки ниајнси. Експериментирајте со темно лила или бордо, а може и некоја темно кафена, соодвено на вашиот тен. Останатиот дел од лицето нека ви биде чист, нанесете пудра и коректор за ги покриете несовршеностите и нееднаквиот тен, за очите доволна ви е маскара.

Минималистички сјај

Кога веѓите ви изгледаат одлично, без многу труд ќе го комплетирате вашиот изглед, исчешлајте ги и корегирајте или надополнете со соодветно моливче. За минималистичкиот изглед не ви е потребно уште многу, само мат лила кармин и сјајна пудра на клучните точки како јаболчиците, носот, внатрешните ќошеви на очите и на средниот дел од очниот капак.

Чоколадни очи

Црното cat – eye е класика, но зошто не направите мала промена? Топлата, интензивна, чоколадно кафена боја е тоа што ви треба за уникатен изглед. Исто така и малите несовршености во шминката нема да бидат впечатливи како кај црната, што секако е голем плус.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement