Светот е навистина воодушевен од овој лаптоп кој го произведе компанијата Hewlett Packard, а ја носи титулата за најтенок 13,3 инчен лаптоп. Со оглед на неговата минијатурна големина, овој лаптоп има Intel Core i5 / i7 микропроцесор PCIe SSD, тастатурата му е во целосна големина и аудио систем развиен од Bang & Olufsen. Овој лаптоп има дебелина од само 10,4 милиметри и тежи 1,1 килограми. Како е сето ова направено , знаат луѓето од компанијата кои имаат користено CNC елоксиран алуминиум во комбинација со јаглерод, како и сопствен панел за приказ на Gorilla Glass 4.
Како неговата батерија да издржи подолго, официјалниот напис наведува дека можат да издржат 9 часа и 30 минути, HP користеше 2 вида на различни батерии, па така , тој вкупно има 4 ќелии. Како дел од неговата премиум линија, тој има црни и златни детали на неговите краеви и ралични HP логоа, истакнувајќи ја позицијата на системот.
Комппанијата Hewlett Packard го најави и претставувањето на овој ексклузивен модел – станува збор за дизјан кој со 18 -каратно злато, кој го креираше холандскиот дизајнер Tord Buntje, а тука можеме да го додадеме и моделот кој на себе содржи дијамнти, кој го креираше дизајнерката на накит Džes Hana. Моделот кој го работел Buntje има на себе 18 -каратно злато со дизајн од цвеќиња на него. Тој има темно сина боја и украсен е со кристали Swarovski, кои го истакнуваат цветниот дизајн.
Дизајнерката од Лос Анџелес, Џес Хана ја претстави златната верзија на овој модел со полирани краеви на него. Новиот HP Premium logo е украсен со дијамнти кои рачно се поставени. Овие ексклузивни изданија ќе бидат продадени за време на Канскиот Филмски фестивал, а заработката од оваа продажба ќе оди директно во фондот на Фондацијата Нелсон Мандела.













You must be logged in to post a comment Login