Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Еве каде забораваме да ставиме крем за сончање

Сите знаеме дека мораме да користиме крем за сончање и повеќето се придржуваат кон тоа, меѓутоа на одредени места луѓето забораваат.

 

Уши

Кој ќе се сети да намачка крем за сончање и на ушите? Според резултатите на новите истражувања, токму ушните школки се местата каде во третина од случаите се појавува меланом.

 

Очни капаци

Секако дека на нив забораваме кога се вообичаено скриени зад големите наочари за сонце, но сепак ќе треба да ги извадиме тие наочари за да не ни остане бело околу очите. Кожата на капаците е многу нежна и осетлива и треба да се заштити со соодветен крем. Сигурни сме дека не сакате да ви се појават предвремени брчки, бидејќи знаеме дека сончевите зраци го забрзуваат стареењето.

 

Под прерамките

Да, и тие се поместуваат, а можеби и намерно ќе ги симнете за да се исончате подобро. Затоа најдобро е кремот да го нанесете пред да го облечете костимот за капење.

 

Дланки

Тука сигурно ве фативме неподготвени! Дури иако нанесете крем на горниот дел од дланките, гарантирано по мачкањето одите да ги измиете рацете!

 

Усни

Дамите попрво ќе се сетат да нанесат сјај за усни или друга декоративна козметика, отколку балзам со заштитен фактор. Особено внимавајте на горната усна!

 

Пазуви

Секако, кој ќе става крем на и околу пазувите? Дури откога ќе ви се појави црвенило, ќе се сетите дека сте ги подигнувале рацете за време на сончањето…

 

Скалпот

Многу непопуларно место за нанесување крем за сончање, се разбира ако имате коса – ако не, тогаш нема проблем. Дамите би требало да носат шешир или марама, машките со помалку коса би требало да се позанимаваат со мачкање на главата.

 

Горниот дел на стапалата

Дури и кога ќе се сокриете под чадорот, знаете што секогаш ѕирка на сонце? Да, вашите стопала, и тоа вообичаено горната страна. Навреме заштитете се, додека не биде доцна.

 

Кожата зад колената

Да, да, тоа е она место за кое мислиме дека е постојано во сенка, но не е баш така, особено кога сакаме да го сончаме грбот. Немилосрдните зраци паѓаат и на овој дел од телото, затоа заштитете се!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement