Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

Домашен путер за тело од само три состојки

Козметичките производи кои што ги користиме најчесто се полни со адитиви и најразлични хемикалии. Ако сакате потполно здрав и повеќенаменски препарат кој што не содржи буквално никакви вештачки додатоци, потребни ви се само три состојки и за навистина да го направите.

Путерот за тело може да го направите и во вашата кујна, и тоа со состојки кои што веројатно и веќе ги имате во вашиот дом. Овој домашен путер може да биде одлична алтернатива за сите слични препарати за кои што веројатно сте издвојувале и многу пари до сега, но и не само тоа.

Иако звучи неверојатно, овој путер не ја храни само кожата. Него може дури и да го изедете!

За овој домашен путер за тело потребни ви се само три состојки: мед, кокосово масло и рендана кора од лимон. Сите состојки мешајте ги додека да добиете густа и мазна смеса.

domasen-puter-od-tri-sostojki-01

Оваа комбинација креира крема која што може да се користи за многу нешта, како на пример за бричење на нозете или како крема за хидратација. Особено е добра за потхранување на сите суви делови од кожата како лактите или стапалата.

Веќе напоменавме дека оваа комбинација од состојки може слободно и да се јаде, а ако одлучите и да ја пробате, додадете една лажица врел чај. Комбинацијата од кокосово масло и мед ќе ви помогне и да ја пребродите желбата за слатка храна.

Кога се работи за чувањето на овој путер и неговата употреба, не е препорачливо да се чува подолго од недела дена, освен ако не го чувате во добро затворен сад, најдобро во фрижидер и да го изоставите лимонот. За оние кои што сепак сакаат да користат лимон, овој путер не би требало да го чувате подолго од една недела, и тоа на ладно и суво место.thth

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement