Путерот за тело може да го направите и во вашата кујна, и тоа со состојки кои што веројатно и веќе ги имате во вашиот дом. Овој домашен путер може да биде одлична алтернатива за сите слични препарати за кои што веројатно сте издвојувале и многу пари до сега, но и не само тоа.
Иако звучи неверојатно, овој путер не ја храни само кожата. Него може дури и да го изедете!
За овој домашен путер за тело потребни ви се само три состојки: мед, кокосово масло и рендана кора од лимон. Сите состојки мешајте ги додека да добиете густа и мазна смеса.
Оваа комбинација креира крема која што може да се користи за многу нешта, како на пример за бричење на нозете или како крема за хидратација. Особено е добра за потхранување на сите суви делови од кожата како лактите или стапалата.
Веќе напоменавме дека оваа комбинација од состојки може слободно и да се јаде, а ако одлучите и да ја пробате, додадете една лажица врел чај. Комбинацијата од кокосово масло и мед ќе ви помогне и да ја пребродите желбата за слатка храна.
Кога се работи за чувањето на овој путер и неговата употреба, не е препорачливо да се чува подолго од недела дена, освен ако не го чувате во добро затворен сад, најдобро во фрижидер и да го изоставите лимонот. За оние кои што сепак сакаат да користат лимон, овој путер не би требало да го чувате подолго од една недела, и тоа на ладно и суво место.thth

You must be logged in to post a comment Login