• Сподели на:

Дизајниран да импресионира

___

Можеби Вие се заборавиле на авангардниот бренд на часовници MCT, но ние секако не заборавивме…

Неколку дена пред овогодинешниот Baselworld, овој швајцарски бренд го претстави својот нов часовник MCT Sequential Two S210. Како еволуција на моделот Sequential One кој беше претставен во 2009 година, овој нов модел го претставува својот нов ротирачки дисплеј, кој сега го прати ново титаниумско куќиште со други унапредувања.

Иако е иновативен и уникатен, овој часовник и понатаму се вбројува во групата на часовници со традционален дизајн. Корисниците на овој часовник ќе добијат истоветен механизам, завршни елементи ки внимание кои потсеќаат на деталите на кои сме навикнати, при што сега целиот тој пакет е претставен во неверојатен комплексен индустриски дизајн, кој секако мора да се цени.

Часовникот MCT Sequential Two S210 има конструкција од високо квалитетен титаниум, која му дава футуристички и современ изглед истовремено. Тој е матиран, брусен и полиран, што е во контраст со ангуларната структура на бројчаникот, каде што  steampunk структурата на часовникот се наоѓа наспроти мотивите на футуристичките азиски метрополи.

Овој модел нема никаква специјална компликација, бидејќи на многу начини е сличен на моделот S200. Содржи MCT-S2.0 калибар , кој е дел од овој бренд, и кој на многумина им изгледа едноставно. Сепак, во комбинација со сафирното стакло, овој часовник добива сосема поинаква димензија.

Инаку, микро роторот кој го движи овој механизам има фрекфенција од  2.5Hz, 654 индивидуални компоненти. Овој часовник ќе биде претставен како емисија од 50 часовници, односно 25 со сив и 25 со златен бројчаник. Цената на еден часовник е 90. 000 евра.

 


Оставете коментар

___