Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

9 трикови за утринска убавина

Кога наутро се будиме, желни за кафе кое ќе не расони и во брзање да стигнеме на време на работа, не ни е битно до ништо, а посебно не до фенирање, нанесување маска на лицето, чешлање на косата… А ретко кој и има време за сето тоа кога ќе се разбуди.

Затоа постојат неколку работи кои треба да ги направите пред спиење, за да наутро имате убава фризура, свежо лице и да изгледате како да сте излегле од салон за убавина.

Навечер измијте ја косата, исушете ја и направете плетенки додека косата е сеуште влажна. Наутро пуштете ги плетенките и ќе имате преубава таласаста коса, а воедно и нова уредна и убава фризура.

Спијте со маска на очи. Така ќе спречите гужвање на кожата околу очите, а наутро овој предел ќе биде најосетлив ќе изгледа свежо, без темни кругови и подочници.

Нанесете хидратантна крема на кожата на лицето и телото пред спиење. Лицето ќе ви биде свежо, а фустанот ќе го носите со голема самодоверба, без размислување дали кожата на нозете ви изгледа сува и испукана.

Зачувајте ги резултатите од фенирање. Ако сте се фенирале денес а сакате ефектот да го продолжите до следното миење на косата, едноставно пред спиење врзете ја косата во високо коњско опавче.

Користете есенцијално масло за нега на кожата на лицето. Наутро ќе изгледате како да сте излегле од козметички третман.

Користете пакување за коса – нема потреба толку да се грижите за сувите испукани краеви а и косата ќе биде полесна за обликување.

Спијте со сатенски перници – така косата нема да се измрси и да се крши, па наутро ќе избегнувате по десет минути на расчешлување на чворовите.

Доколку користите крема за самопотемнување, нанесете ја пред спиење и чекајте добро да се исуши па потое легнете си. Кремата ќе се упие, бојата на кожата ќе биде насекаде изедначена, а постелнината чиста.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement