Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

5 Летни пијалоци за потенок струк

За кратко време смалете го обемот на струкот водејки сметка за тоа што го пиете, а ладниот зелен чај е само еден од здравиот избор. Газираните засладени сокови и пивото не ви врши услуга за вашиот стомак, но постојат летни пијалоци кои можете да ги пиете без грижа на совеста, а дури и ви помагаат на вашата линија.

1. Вода со вкус – Водата е најдобар избор, но ако не можете да пиете доволно обична вода, одберете вода со цитрусен вкус. Сепак, читајте ги етикетите и бирајте нискокалорична вода, а не онаа која е засладена. Најдобро би било самите во водата да исцедите малку лимон, без засладување.

2. Сок од лубеница или диња – Се додека не додавате шеќер во него, овој вкусен напиток можете да го пиете без грижа за количината. Не само што вас ќе ве хидрира, туку е и полн со нутриенти, а докажано е дека содржи супстанци кои помагаат во борбата против масните наслаги.

3. Свеж сок од грејп – Сокот од грејп ќе помогне на вашата линија, но само под услов да пиете исцеден сок разреден со вода, без додаток на шеќер.

4. Ладен зелен чај – Зелениот чај го подобрува вашиот метаболизам и ги намалува масните наслаги. Редовното конзумирање на зелен чај може да ви помогне да гиизгубите масните наслаги на стомакот, секако со услов да не го засладувате.

5. Ладен чај од мента – Надуеноста и лошото варење, покрај масните наслаги се често причина за голем стомак. Ментата е познат лек против надуеност, а исто така за краток временски период значајно ќе ви помогне да го намалите обемот на стомакот. За подобар вкус додајте малку лимон и избегнувајте шеќер, бидејки шеќерот предизвикува надуеност и така чајот нема да има никаков ефект.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement