Подочниците се создаваат заради умор, задржување на течности во телото, стрес, а кај некои луѓе просто генетиката ги направила тие западливи кругови околу очите. Секако, постојат бројни креми кои ќе ви помогнат да ги ублажите подочниците и секако советуваме да ги користите. Сепак, постојат неколку брзи (и ефтини) трикови кои ќе ви помогнат да изгледате подобро.
1. Изладете компир во фрижидер, исечете го на парчиња, измијте го добро и ставете преку затворени очи. Држете го 10-15 минути, а потоа измијте се и исчистете го лицето со тоник.
2. Стариот добар трик со краставицата навистина е делотворен. Пресечете 2 парчиња и одморете десетина минути со краставици на очите, а потоа измијте го лицето.
3. Ставете 2 лажици во замрзнувач на пет минути, а потоа нежно наслонете ги на очите на неколку минути.
4. Употребуваните вреќички од чај од камилица или зелен чај, зачувајте ги и изладете ги во фрижидер. Наутро ставете на вреќичките капки и ставете ги на очите за да ја изработат својата работа. После 10 минути измијте го подрачјето и исчистете го лицето.
По овие постапки, нанесете хранлива крема за подрачјето околу очите за третманот да биде потполн.

You must be logged in to post a comment Login