Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

новости и трендови

3 правила за добро обликувани веѓи

Обликот на веѓите се разликува од личност до личност. Додека една група припаднички на понежниот пол ги прилагодува веѓите на обликот на нивното лице, другите ги оставаат природни со минимално дотерување.

Без разлика на која група и припаѓате, постојат 3 правила за добро обликувани веѓи кои сите треба да ги почитуваат.

Еве за што станува збор…

Правило 1 – Почетокот на веѓите треба да биде во линија со носната коска. Лесно ќе го одредите местото ако поставите моливче или четкичка паралелно на носот до неговиот врв. Точката во која се сече со веѓите е местото каде што тие треба да започнат.

Правило 2 – Лакот на веѓите треба да биде на 2/3 од вкупната должина. Поставете го моливчето така што ќе поминува на средина на зеницата – местото каде што се сече со веѓата е местото каде што треба да биде лакот. Најголема грешка е ако го поставите лакот точно на средината на веѓите. Така ќе добиете облик на виножито кој не одговара на ниту еден облик на лицето.

Правило 3 – Крајот на веѓите треба да биде на замислената точка која ќе ја добиете кога ќе го поставите моливчето од врвот на носот преку надворешниот агол на лицето до линијата на веѓите. Можете благо да ги продолжите веѓите, но тие никако не треба да бидат под точката во која почнуваат.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement