• Сподели на:

Запознавање со учесниците на Првото Македонско Музичко Реално Шоу “На иста адреса“: Игор Митровиќ

___

Започнавме со нова рубрика со која ќе им овозможиме на нашите фанови подетално да ги запознаат учесниците на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“.

Секојдневно ќе објавуваме кратки профили за секој кандидат поединечно, како и најинтересните моменти од куќата каде сите тие престојуваат.
Македонија повторно докажа дека и тоа како има со што да се гордее, а уште еден пример за тоа е учесникот на Првото Македонско Реално Музичко Шоу “На иста адреса“, Игор Митровиќ – човекот со одлични вокални способности.

igor 1

Еве што вели Игор за себе:

Од својата 6-та година членував во детскиот хор “Златно Славејче” по покана на диригентот и композиторот маестро Александар Џамбазов и “Пиколо” под диригентската палка на Весна Димчевска. Испеав 2 песни како солист на Златно Славејче, “Славеј” во 1999 год и “Љубовта не се лекува” во 2003 год. Основно училиште завршив во ОУ “Блаже Конески”, каде што паралелно се школував и 7 години во нижото музичко училиште. Музичкото образование го продолжив и во средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” на отсек теорија на музика. На своја 14-годишна возраст бев учесник во музичко шоу каде што влегов во најтесниот круг и ми беше доделена песната “По тебе” да ја пеам, каде што во самото жири беше Тоше Проески и го освоив второто место.
Учество имам земено на неколку домашни и интернационални фестивали:
– 2006 г. – “Мелфест” во Прилеп
– 2007 г. – “Охрид Фест” – “Сами сме”
– 2007 г. – “Макфест” – песна “Фатална”
– 2008 г. – “Домашен избор за песна на Евровизија” – песна “Јас и ти”
– 2008 г. – Прв Радиски Фестивал “Ѕвездена ноќ” – песна “Единствена”
– 2008 г. – “Макфест” – песна “Засакај некој друг”
– 2008 г. – “Сунчане Скале” – песна “Заувјек” – освоено 3 место во новите ѕвезди
– 2009 г. – “Охрид Фест” – песна “Никогаш повеќе” – освоено 1 место во поп вечерта
– 2009 г. – “Макфест” – песна “Никогаш до сега”
– 2009 г. – “Сунчане Скале” – “Анџели љубави”
– 2010 г. – “Домашен избор за песна на Евровизија” – песна “Малечка”
– 2010 г. – “International Music Festival Cesme” – фестивал во Турција, Чешме (6-то место од вкупно 24 земји учеснички)
– 2010 г. – “BYF Music Festival” – победник на интернационален фестивал во Бугарија
– 2011 г. – “George Grigoriu Music Festival” – Романија, Браила, освоена награда за најдобра интерпретација
– 2011 г. – “St. Petersburg White Night’s” – Русија
– 2012 г. – “Макфест” – песна “Далеку од овде” во дует со Фани Христова
– 2013 г. – “Макфест” – песна “За крај” – награда за најдобар аранжман
– 2015 г. – “Макфест” – песна “Биди тој што си”

igor 2

Покрај сите овие песни кои што ги имам издадено преку фестивали, има и песни кои што имаат излезено во етерот со музички видео запис, а не биле дел од музички фестивал, како што се “Сам без тебе”, “Волиш ли ме” во дует со црногорската пеачка Александра Бучевац, “Сега и тука”, “Немам ја никога” издадена во Хрватска во соработка со хрватската продукциска куќа “Long Play Team Production” и др. Вкупно имам 21 издадени песни кои биле во соработка со повеќе домашни и странски композитори и текстописци: Владимир Дојчиновски – Дојчин, Весна Малинова, Бобан Апостолов – Џани, Ивана Николовска, Ана Петровиќ, Фани Христова, Александар Масевски, Биљана Пашариковска, Томо Бачурин Лима, Данијел Врбан, Marco Vanuzzi.
Синглови:

1. Сами сме – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
2. Фатална – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
3. Јас и ти – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
4. Единствена – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
5. Никогаш повеќе – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
6. Никогаш до сега – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
7. Засакај некој друг – Влатко Илиевски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
8. Анџели љубави – Владимир Дојчиновски – Весна Малинова – Владимир Дојчиновски
9. Дал ме сакаш / Волиш ли ме – Ана Петровиќ – Амела Периќ – Владимир Дојчиновски
10. Сам без тебе – Бобан Апостолов – Ивана Николовска – Бобан Апостолов
11. Малечка / A meta – Бобан Апостолов – Фани Христова/Marco Vanuzzi – Бобан Апостолов
12. Далеку од овде – Бобан Апостолов – Фани Христова – Бобан Апостолов
13. Лажлива – Бобан Апостолов – Борче Димитров – Бобан Апостолов
14. Сега и тука – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
15. За крај – Александар Масевски – Биљана Пашариковска – Александар Масевски
16. Немам ја никога – Тома Бачурин Лима – Данијел Врбан – Томо Бачурин Лима
17. The summer’s not over – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
18. Summer stereo – Daveman – Daveman – Daveman
19. If you love me – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
20. Биди тој што си – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски
21. Сам – Александар Масевски – Александар Масевски – Александар Масевски

igor 3

Севкупно имам снимено 9 музички спотови кои биле во соработка со Дејан Миличевиќ, HD Game Production, Дарио Јанковиќ, Нена Зафировска и Дарко Цветановски, 3Д Продукција и еден имам под своја режисерска палка. Имам направено неколку професионални фотосесии кои биле во соработка со Дејан Миличевиќ, Дарио Јанковиќ, Ани и Дими, Елена Андовска, Ивана Мојсовска и Трајче Атанасовски.
Некои поважни настани:
– учество на многубројни хуманитарни концерти како во Македонија, така и надвор
– многубројни настапи во дискотеки и клубови низ цела Македонија
– 2010 г – влез во последиот круг од 10 песни за учество во вечерта на новите ѕвезди на Сан Ремо во Италија, каде што 10-те песни се вртеа на радио и публиката одбира кои 6 песни ќе се натрепваруваат на Сан Ремо. Јас завршив 7-ми.
– 2011 г. – член на жири комисија на музичкиот фестивал “Нота по нота”во Бугарија
– 2011 г. – член на жири комисија на музичкиот фестивал “BYF” во Бугарија
– 2011 г. – средба со Kevin Costner, Lizz Mitchell (Boney M), групата Down Low на музичкиот фестивал “St. Petersburg White Nights” во Русија, каде што беа во жири комисија на истоимениот фстивал каде што се натрпеварував.
– 2014 г. – хуманитарен концерт по повод роденденот на Тоше Проески во Белград на сплав “Таг” заедно со Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.
Своето образование после средното школо го продолжив на факултетот ФОН, отсек Дизајн и Мултимедија каде во 2012 година дипломирав, и продолжив на магистерски студии. Ги положив сите испити, сега сум во завршната фаза, спремање на магистерски труд. Паралелно, од своја 21-ва година работам како графички дизајнер, каде последните 2 години работам како графички дизајнер во приватната компанија “Нептун”. Неможам да го наречам тоа како хоби, но после музиката, дизајнот ми е 2-ра љубов.

igor 4

Како омилени пеачи кои гледам и учам од нив, крадам финти и цаки, морам да издвојам повеќе, неможам само еден:) а тие се: John Legend, Michael Buble, Craig David, James Brown, Beyonce, Christina Aguilera, Jessie J, Robin Thicke, R.Kelly… многу се.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Игор и останатите учесници на Првото Македонско Реално Музичко Шоу, “На иста адреса“, лајкнете ја нивната официјална фејсбук фан страница на следниов линк.

 


Оставете коментар

___