• Сподели на:

Три дисквалификации на седмата гала НИА

___

Седмата гала вечер помина во знакот на странските хитови. Натпреварувачите имаа можност да ги отпеат своите омилени странски хитови и да се покажат во досега најдобро светло. Дел од нив беа доследни на задачата и не изненадија со извонредни настапи, дел потфрлија и не ги искористија своите три миниту на сцена. Вчерашното жири во состав Маја Вукичевиќ, Влатко Илиевски, Весна Бејби Петрушевска, Лила Стојановска и шоу биз полицаецот Боки 13,  имаше пофални зборови за Валери, Марија Игор и Александра. Зои и Марио добија критика за недоследност на задачата, а Миа и Ивона потфрлија со погрешен избор на песна. Најдобар беше настапот на Стефан кој заедно со Алмир беа прогласени за победници на вечерта. Седмата спектакуларна гала вечер заврши со дисквалификација на Зои, Игор и Ивона кои според гласовите на гледачите не заслужија да продолжат во финале. Останете “На иста адресa” и продолжете со поддршка на вашите фаворити. 


Оставете коментар

___