• Сподели на:

Нов продолжен трејлер за Avengers: Age of Ultron

___

Марвел/Дизни денес го објавија продолжениот трејлер за Avengers: Age of Ultron, кој всушност е оригиналниот трејлер со неколку нови кадри.

Во вториот дел суперхеројскиот тим се соочува со заканата од роботот Ултрон, кој тргнува во мисија да ги уништи човечкиот род, сметајќи го за инфериорен, непродуктивен и непотребен.

Во главните улоги ќе се појават Роберт Дауни Џуниор, Крис Еванс, Скарлет Јохансон, Семјуел Л. Џексон, Крис Хемсворт, Марк Рафало и Џејмс Спајдер како роботот Ултрон. За режијата се враќа Џос Видон.

Премиерата е закажана за 1-ви мај, следната година.


Оставете коментар

___