• Сподели на:

Најдобар филм според гласовите на 250.000 луѓе е…

___

Четвртина милион учесници во анкетата, за најдобар филм на сите времиња го издвоиле „Star Wars“.

The Empire Strikes Backе најдобриот филм на сите времиња – барем според анкетата на магазинот „Empire“ во која учестуваа 250.000 луѓе. Во анкетата е понуден 301 филм, а во продолжение ќе ги прочитате десетте најдобри.

На второто место на листата се наоѓа филмот „The Godfather“, на трето „The Dark Knight“, четврто место „ The Shawshank Redemption “, а на петтото место е Тарантиновиот „Pulp Fiction“.
Шестото место повторно припаѓа на филм од серијалот „Star Wars – New Hope“, на семото место е „Lords Of The Ring – The Fellowship of the Ring“, на осмото место „Shark“, на деветото „Indiana Jones – The Riders of the Lost Ark “ и на десетото место е „Inception“.

Првиот филм од франшизата кој е избран за најдобар на сите времиња „New Hope“, е снимен 1977 година и стана светски популарен феномен, па во тригодишен интервал му следуваа две продолженија:  „The Empire Strickes Back“ и „Return of the Jedi“.

Шеснаесет години по последната епизода од првата трилогија, пуштен е во дистрибуција првиот филм од новата трилогија – „The Phantom Menace“ кој се враќа на почетоко на приказната со јунаците од „Star Wars“, а по него следуваа уште две продолженија: „Clone Wars“ и „Revenge of the Sith“.

Филмскиот серијал „Star Wars“ доби и книга, телевизиска серија, видео игри и стрипови. Овој филм, заедно со „James Bond“ и „Harry Potter“, е еден од најуспешните филмски серијали на сите времиња.


Оставете коментар

___