• Сподели на:

ИНТЕРВЈУ СО МАРКО НА ТЕМА: ПРВОТО МАКЕДОНСКО МУЗИЧКО РЕАЛНО ШОУ “НА ИСТА АДРЕСА“

___

Што е она што го издвојува шоуто „На Иста Адреса“ од останатите од ваков калибар?
Шоуто “На иста адреса“ за разлика од другите ја третира нашата млада музичка сцена поточно е создадено со цел да им се помогне на младите музичари полесно да се пронајдат на македонската сцена на еден забавен но и многу одговорен начин.

Која беше твојата првична реакција кога слушна за ова шоу?
Првично бев изненаден што воопшто некој се нафаќа да направи толку големо музичко шоу. Потоа бев скептичен дека ќе се реализира за на крај без размислување да прифатам. Се на се многу ми беше, а и сеуште ми е драго што баш мене ме избраа да бидам дел од првото Македонско реално музичко шоу “На иста адреса“.

Дали сметаш дека шоуто ќе наиде на поддршка од македонската музичка сцена, но и генерално од целокупната македонска јавност?
Па мислам дека би требало да наиде затоа што станува збор за поддршка на македонската музичка сцена. До сега голем дел од македонските музички ѕвезди ја дадоа својата поддршка или пак се понудија да бидат дел од ова шоу што ми претставува огромно задоволство, а македонската јавност мислам дека ќе си поминува одлично со нашите кандидати и дека ќе им понудиме супер забава.
Учесниците се пејачи/пејачки на почеток на својата кариера. Дали мислиш дека меѓу нив се крие идната македонска музичка ѕвезда?

Дефинитивно мислам. Сите од кандидатите се надарени млади пејачи со сите останати квалитети кои му се потребни на еден пејач да стане голема ѕвезда. Останува да се дружиме во текот на овие 100 дена сите ние и да видиме што на крај ќе се случи.

Дали имаш свој фаворит? Кој според тебе има најголеми шанси за успех?
Не, искрено немам свој фаворит. Пробувам да не бидам пристрасен и сега за сега во сите 12 кандидати ги гледам квалитетите на еден победник.

Локацијата на куќата сеуште се држи во тајност. Дали можеби ќе сакаш да ни ја откриеш?
Зошто да не. Куќата се наоѓа на една тајна локација во една скопска населба.

Како водител секојдневно поминуваш неколку часа со учесниците. Дали сметаш дека тие веќе се навикнаа во нивниот нов дом?
Сеуште мислам дека сето ова им е како сон, дека имаат чувство како да се на гости кај другар или другарка и дека по преспивањето наредниот ден ќе си одат дома. Сето тоа ќе се промени за некој ден и на виделина ќе излезат нивните вистински чувства за на крај да се помират со ситуацијата и да почнат да уживаат.

Каква е атмосферата во куќата? Дали учесниците се сложуваат меѓусебно или пак постои некоја нетрпеливост?
Атмосферата во куќата сега за сега е одлична. Кандидатите се дружат и нема поголеми расправии меѓу нив но како што реков за некој ден полека ќе почнат на виделина да излегуваат нивните вистински карактери.

Што најмногу те прашуваат учесниците кога ги посетуваш? Дали им недостига контактот со останатиот свет? Особено социјалните мрежи?
Најчесто ме прашуваат што се случува надвор и на социјалните мрежи. Нормално јас вешто ги одбегнувам нивните прашања и не им откривам ништо.

Дефинитивно им недостасува контактот со надворешниот свет, а особено нивните семејства и пријатели. Им фалат и социјалните мрежи и тоа до тој степен што мислам дека некој ден со сила ќе ми го одземат мобилниот што го носам со себе внатре во куќата:)

Според тебе, што е тоа што најмногу им се допаѓа, а што е тоа што најмногу им пречи на учесниците?
Им се допаѓа тоа што можат да пејат по цел ден, а никој да не им замери. Што можат да научат нови работи од нашите професорки и од инструкторите за танц и ред други работи, додека она што не им се допаѓа е тоа што немаат приватност и што мора да се водат по строго пропишани правила.

 

 


Оставете коментар

___