• Сподели на:

Даниела Дворник сочно ги испрала спонзорите поради документарецот “Манијак”

___

До есен оваа година треба да биде готов филмот “Maнијак”, документарец за Дино Дворник во режија на Даниела Типуре. На фејсбук покојниот крал на фанкот осамна пост од Даниела Дворник во кој објаснила за проблемите со кои се сретнала во почетокот на снимањето на филмот, со фотографија со пцовка. Нејзиниот пост во целост гласел:

–  Еве да ви јавам како напредува нашиот документарец. Доста материјали веќе се снимени и се во припремање. За жал се сретнавме со истото срање во кој се сретнавме и додека Дино беше жив, а тоа беше кога требаа спонзори (а требаат во оваа несреќна земја), тогаш најдовме одговор Не можеме својот производ да го врземе за некој што има наркоманско минато.? Јас се извинувам на сите такви спонзори, што мојот сопруг не им лижеше олтари, лажел и варал, немал неколку љубовници и исто толку вонбрачни деца, што не снимил барем еден порнич и покрај сето тоа да се смешкал и орворено ги лажел сите. Жал ми е поради тоа што не бил лажливец и што требал да биде лицемерен бидејќи во оваа земја само така и треба! Никогаш не смееме да зборуваме вистина, туку лага, ако доволно долго ја зборуваш постанува вистина. Веројатно на тие исти спонзори да им дојдеше Мик Џегер кој цел живот го проживеа на “Јани” и него би го одбиле поради неговиот животен стил! Би му рекле “Драги Мик добар си ти…ама не можеме својот шугав производ да го врземе со некој кој изшмркал една линика како должина на екваторот, кој ја промени својата крв неколку пати, испил цел океан алкохол и имал толку жени и уште којзнае колку деца!” За жал, нема да можеме да го завршиме документарецот во продукцијата во која замислувавме, веројатно нема да имаме никаков буџет али ние секако ќе го довршиме и ќе го прикажеме како изгледаше 20 години работа и мака на Дино и константната борба со лицемерна држава, без никаква подршка и големи очекувања од неговата малобројна но паметна публика.

dino dvornik


Оставете коментар

___