Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Кое е вашето модно племе

Сега веќе далечната 1994-та, кога Jean-Paul Gaultier ја прикажа едната од неговите најдобри колекции инспирирана од племињата и Индија, додека запрепрастено ја гледавме Eve Salvail како се движи по модната писта и пуши цигара, а од увото, па се до пирсингот на носот и виси ланец, бевме свесни дека тоа е дел од модната историја. Историја што ќе се повторува (повеќе или помалку успешно), достигнувајќи ја правата ренесанса оваа сезона.

 

Имаше нешто магично во лажните тетоважи по телото, купиштата метал по рацете, вратот и лицето и земјените тонови на гардеробата во таа колекција на Gaultier. Колку е таа актуелна и денес гледаме од нејзиното оживување во Париз, а трендот го предвoди тројката: Phoebe Philo за Céline, Sarah Burton за Alexander McQueen и Riccardo Tisci за Givenchy.

 

Ниту еден од овие тројца дизајнери не оди до крајност и ако не се земат предвид некои од екстравагантните детали (шлемовите и маските од кристали) или авангардната шминка (исцртани веѓи), се добиваат парчиња кои издвоени од контекстот на ревијата, можат навистина да се носат. Драперите (Givenchy) кои се мешавина од африканските и јапонските носии, принтовите и пердувите (McQueen) кои потсетуваат на турнеја низ Африка, широките и храбри племенски шари (Céline)… Се работи за впечатливи моменти кои прават да бидете препознатливи во секој случај.

 

Племиња, не трендови: тоа е вашата нова мантра. Како секој од овие дизајнери да игра шамански танц со кој ве мами да му се приклучите во неговото племе, храбро и дефинирано. Време е да одберете по кој пат ќе тргнете и кон која група ќе се вкучите. Ова е инспирација која нема да ѝ дозволи на модата да ја заборави без борба.

 

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement