• Сподели на:

Gwen Stefani покажа како се носи црно-црвена комбинација во лето

___

Веќе цели 20 години ја обожаваме Gwen Stefani, не само поради нејзината музичка кариера, туку и поради стилските комбинации, било да носи нешто од сопствената L.A.M.B. линија или од некој друг дизајнер.

Нејзиниот стил е совршена доза на рок елементи, фанки детали, софистициран гранџ и трајбл мода, па само и да излезе да прошета или да џогира, имаме впечаток дека сме залутале на сет за снимање на некој видео спот. Симпатичната и откачена 44-годишна Gwen овие денови е прилично зафатена откако најави повеќекратно враќање на сцената. Имено есенва нѐ очекува нејзината нова колекција (по 3 години пауза) на модната недела во Њујорк, наскоро ќе биде објавен и нејзиниот нов албум, а од пред некој ден објави дека заедно со сопругот Gavin ќе биде судија во реалното шоу The Voice.

1

Паузата од работа Gwen ја поминува во лежерни прошетки, стилизирана од глава до пети во својот препознатлив стил.  Овојпат беше забележана како брза на закажан термин за акопунктура облечена во црн џемпер со ткаен натпис, црни трегери спуштени околу струкот и пар елегантни, црвени сандали. Хипстерскиот модерен изглед беше дополнително нагласен со пар црни очила, црн лак и интересна, компактна црно-црвена торба од мат кожа со нитни во предниот дел.

2

Торбата и чевлите кои уште еднаш ни потврдија дека црвената е омилена боја на пејачката и креаторка се од колекцијата која Gwen ја направи за својот бренд за додатоци GX.

3


Оставете коментар

___