Четригодишното девојче решило да ја земе работата во свои раце и да ги скрои сама за себе најдобрите фустани од високата мода.
Мејхем, четригодишно девојче, едноставно не била задоволна од изборот на фустани кои постојат за нејзината возраст, но сигурно е дека решението што го нашла за овој проблем не би им паднал на памет ни на најголемите трендсетерки!
Малата Мејхем решила сама да ги креира фустаните, но и да ги копира најелегнатните фустани од црвениот тепих.
За разлика од висококвалитетните материјали што може да ги видиме на најголемите Холивудски настани, оваа мала девојка за сите свои креации користи материјали кои ќе и дојдат при рака. Така, на една креација може да видиме хартија, леплива трака или свилени марами кои ги зема од мајка и.
Сите фотографии од нејзините креации се наоѓаат на Instagram профилот на нејзината мајка Енџи, каде посебно се истакнуваат копиите од Лупите Најанго во тоалетата од Ralf Loren или Jennifer Lawrence во познатата тоалета на Dior.




You must be logged in to post a comment Login